Заљубен дечко на супер креативен начин ѝ предложи брак на својата девојка, а снимката од запросувањето стана вистински хит.
Во видеото, кое досега има повеќе од 11,7 милиони прегледи, Марсело Коељо и Џесика Јуни седат на кауч, подготвени да гледаат филм за кој таа мисли дека е ново „Дизни“ остварување. Всушност, станува збор за лажен трејлер кој Марсело го направил со вештачка интелигенција за да ѝ го постави судбоносното прашање.

Трејлерот започнува со познатата „Дизни“ музика и интро како во вистински филм, но наместо „цртана“ бајка, на екранот се појавува анимирана верзија од Џесика, опишана како „девојка која сонува да се омажи за љубовта на својот живот“.


Потоа следуваат нежни сцени кои ја прикажуваат нивната љубовна приказна и заедничките авантури. Токму тогаш таа тивко изговара: „Тоа сум јас…“.


Следниот кадар покажува анимирана сцена на која ликовите седат на истиот кауч, гледајќи го истиот филм и тогаш таа сфаќа што всушност се случува. Во последниот дел, на екранот се појавува натпис: „Will you marry me?“ (Ќе се омажиш ли за мене?), а Марсело клекнува пред неа и ѝ го поставува тоа прашање во живо.
Џесика, расплакана и насмеана, изговара „Да“.


@cellocoelho The easiest yes… Sim, pedi a @jess uinny em casamento, usando IA #marriage #married #ia #ai #proposal ♬ original sound - Marcelo Coelho

