Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Со нож во рака ги гледала синовите како спијат, сопругот бил преплашен: Нови тврдења за состојбата на Бритни Спирс

Со нож во рака ги гледала синовите како спијат, сопругот бил преплашен: Нови тврдења за состојбата на Бритни Спирс

Кевин Федерлајн изнесе шокантни тврдења за поранешната сопруга Бритни Спирс во новата мемоарска книга „You Thought You Knew“ и изрази загриженост за нејзиното ментално здравје.

47-годишниот актер опиша наводни ситуации од заедничкиот живот кога се случувало 43-годишната пејачка да стои „молчеливо на вратата на собата на нивните синови, држејќи нож во раката“ додека тие спиеле, како и дека тој постојано се моли таа да ја побара помошта која ѝ е потребна.

„Тие понекогаш ќе се разбудеа навечер и ќе ја видеа како молчаливо стои на прагот, гледајќи ги како спијат со нож во раката“ – раскажал Федерлајн и додал дека „потоа ќе речеше: ‘Ох, се разбудивте’ и ќе се свртеше и тивко ќе си заминеше без објаснување“.

Бритни Спирс

Кевин вели ваквото „непредвидливо“ однесување го загрижувало и дека како татко, бил преплашен дека еден ден ќе се разбуди и дека неговите „синови ќе мора да се соочат со незамисливото’.

Бритни Спирс Бритни Спирс

Федерлајн тврди дека овие случки се само малку од многуте индикатори за нестабилност и проблеми кои според него се одразувале врз синовите, Шон Престон (20) и Џејден (19).

Во интервју за ET, Кевин изјавил дека објавувањето на книгата сега е мотивирано од желба да алармира за состојбата на Бритни, за таа да ја добие помошта која ѝ е неопходна.

„Вистински чувствувам дека некаде, некако, посакувам нивната мајка да добие помош. Она што се случува сега, нема да навлегувам во детали за да не ѝ го изложам приватниот живот, но е десетпати полошо од сé што сум видел. Молчев за доброто на моето семејство, се обидував да им помогнам на синовите да изградат врска со мајка им и секој ден му се молам на Бог таа да ја добие потребната помош. Да се разбуди и да сфати: пред себе имаш два сина кои врескаат за живот со тебе“ – рекол Федерлајн.

Бритни Спирс Бритни Спирс Бритни Спирс

„Само сакам Бритни да биде долго време наоколу за нејзините деца“ – додал тој.

Од своја страна, портпарол на Бритни Спирс возврати дека Федерлајн „профитира од неа“ и ги негира овие наводи како дел од маркетинг‑стратегија, особено затоа што исплатата на издршката завршила.

Бритни преку своите профили на социјалните мрежи ги опиша обвинувањата како „многу повредливи“ и исцрпувачки, и ги оцени како „бели лаги“ кои ќе завршат на печалба на сметка на нејзината репутација.

Бритни Спирс Бритни Спирс Бритни Спирс

Однесувањето на Бритни на социјалните мрежи во изминатиот период постојано ги загрижува фановите. Многумина од нив гласно зборуваат дека на пејачката ѝ е потребна помош.

Бритни Спирс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29832 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.