Влатко Лозаноски викендов со најблиските го прослави првиот роденден на својот син Марко.
Македонскиот пејач, кој ретко открива детали од приватниот живот, овој пат направи исклучок и преку социјалните мрежи сподели со обожавателите дел од семејната радост.
„Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка. Да си ни жив, здрав, секогаш среќен и весел, синко мој. Те сакаме!“ – напиша Лозано покрај фотографијата на која малиот Марко стои до својата проодувалка.

Роденденската забава се одржа во ресторан во Скопје, а декорациите од VSwedding&events беа на тема „ONEderful adventure“. Просторот беше разигран со десетици балони, мечиња, авиончиња и детали инспирирани од патувања.



Сестрата на Лозано, Марија, сподели дел од декорациите и откри дека подготвила креативен подарок за нејзиниот внук.


Мартин од „Next Time“ пак објави заедничка фотографија од неговата ќерка Лиана и славеникот Марко.





Иако јавноста со години ја следи кариерата на Лозано, пејачот е посветен на заштита на приватноста и сѐ уште нема откриено пред јавноста која е мајката на неговото дете.
