Пред неколку дена се навршија 18 години од смртта на нашиот славеј Тоше Проески.
Во негова чест, пејачот Денис Димоски и неговата ученичка, 7-годишната Ива Пауновиќ, ја отпеаја песната „Немир“, која Тоше ја сними со Каролина Гочева. Талентираното дуо доби бројни пофалби и комплименти на социјалните мрежи.

„Во чест на нашиот Тоше, ви ја претставуваме нашата изведба на ‘Немир’, заедно со една од моите најмлади ученички ИВА“ – напиша Денис.