Даниел Кајмакоски наполни 42 години.
Македонскиот пејач го прослави својот роденден во домашна атмосфера со торта на која стоеја броевите 4 и 2. Даниел ги дувна свеќичките покрај саканата Марина, синчето Стефан и ќеркичката Емилија.

На фотографиите, Даниел напиша:
„Не е случајност што те пронајдов кога го достигнав дното... Бидејќи ти беше единствената личност која можеше да ги собере сите тие делчиња и да направи прекрасна слика од нив. И колку убава слика направи... Не те заслужувам. Ти благодарам што ми го направи животот толку пријатен и премногу те сакам“.



Претходно, Марина со романтична фотографија и слатка честитка го одбележа роденденот на социјалните мрежи:
„Сакан мој, биди ми здрав и среќен, радувај се, смеј се, уживај во животот, биди ми добро. И едно знај – зад себе нѐ имаш нас четворицата кои те обожаваме, секојпат желно те исчекуваме и ужасно ни фалиш кога не си тука. Едвај чекам да видам што убаво понатаму ќе ни донесе животот. Среќен роденден. П.С. Убаво старееш, не грижи се“ – напиша таа.

Даниел и Марина стапија во брак во јануари 2023 година. Нивното синче се роди на 30 април истата година, додека ќеркичката Емилија ја добија во ноември минатата година.
