Долгooчекуваното шоу на Victoria’s Secret го освои Њујорк и доби бројни аплаузи од љубителките на модата, меѓу кои и од Ана Ивановиќ.
Поранешната тениска ѕвезда беше една од гостинките на ревијата и покажа дека е подготвена за ново поглавје по неодамнешниот развод со фудбалерот Бастијан Швајнштајгер.
Ана, која е мајка на три деца, изгледаше среќно и самоуверено во кафеав долг фустан со отвор на стомакот која совршено ѝ ја истакна фигурата. Таа сподели фотографии и видеа од модниот спектакл, а сними и видео за Vogue Adria.
„Светла. Камера. Ангели“ – напиша Ана во описот на фотографијата на Instagram, каде што се заблагодари на Victoria’s Secret Србија за „неверојатното искуство и за сите спомени“.




Ана, која пред речиси една деценија се повлече од професионалниот тенис, го следеше спектаклот од првиот ред. На пистата продефилираа светски познати модели како Адриана Лима, сестрите Џиџи и Бела Хадид, Џасмин Тукс, Ирина Шајк, Ешли Греам, Алесандра Амбросио и многу други. За музичкиот дел се погрижија ѕвездите Карол Џи, Медисон Бир, Миси Елиот и поп-групата Twice.








Ивановиќ и Швајнштајгер стапија во брак во јули 2016 година во Венеција и заедно имаат три синчиња. Во април оваа година, германското списание Bunte објави дека тие одлучиле да стават крај на брачниот живот, а таа вест ја потврди нејзиниот адвокат во јули. Ана сега живее со децата во Белград, а Бастијан во Минхен.

