Џасмин Тукс имаше сензационално враќање на модната писта и тоа во деветтиот месец од втората бременост.
34-годишниот модел го отвори синоќешното модно шоу на Victoria’s Secret во Њујорк, гордо покажувајќи го пораснатото трудничко стомаче. Џасмин чекореше по пистата облечена во златен, мрежест костим и ангелски крилја во препознатливиот стил на модниот бренд.





Публиката ја пречека со овации, а Џасмин не ги криеше радоста и возбудата што токму таа го отвори спектаклот.





„Не можам да поверувам дека го отворив шоуто во деветтиот месец од бременоста“ – напиша Тукс по настапот.

@jastookes Can’t believe I just opened the show 9 months pregnant
♬ WHO IS VICTORIA - the golden era models
Тукс за првпат се појави на пистата на за Victoria’s Secret по неколкугодишна пауза. Нејзиното деби на шоуто беше во 2012 година, а во 2015 стана официјален „ангел“ на брендот.
Ова ќе биде второ дете за Џасмин и нејзиниот сопруг Хуан Давид Бореро. Двојката веќе ја има 2-годишната ќерка Миа Викторија, родена во февруари 2023 година.

Веста за втората бременост ја објавија во јули 2025 со фотографии на социјалните мрежи на кои Тукс позираше во бел фустан.


