Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Том Круз и Ана де Армас раскинаа по 9-месечна врска, непосредно откако потврдија дека се заедно

Том Круз и Ана де Армас раскинаа по 9-месечна врска, непосредно откако потврдија дека се заедно

Том Круз и Ана де Армас ставија крај на нивната врска по помалку од една година романса.

Холивудските ѕвезди одлучиле да ги прекинат романтичните односи, но продолжуваат да соработуваат на професионален план. 37-годишната актерка е дел од екипата на следниот филм на 63-годишниот актер, насловен „Deeper“.

Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас

Веста ја сподели извор близок до поранешната двојка кој вели дека тие „едноставно сфатиле дека не се создадени еден за друг.“

„Се забавуваа и поминаа убави моменти заедно, но нивното време како двојка заврши. Остануваат пријатели, но не се состануваат повеќе. Сфатија дека немаат заедничка иднина и дека е подобро да останат пријатели“ – изјавил извор за The Sun.

Том и Ана за првпат поттикнаа гласини дека се заедно на Денот на вљубените и оттогаш наваму повеќепати беа фотографирани заедно.

Том Круз и Ана де Армас

Тие ја потврдија врската во јули оваа година, кога беа фотографирани како се држат за рака за време на викенд одмор во Вермонт. Претходно беа забележани заедно на роденденската забава на Дејвид Бекам и на концерт на Oasis.

Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас Том Круз и Ана де Армас

Том има три деца. 19-годишната ќерка Сури ја има од бракот со Кејти Холмс кој траеше од 2006 со 2012 година, кога таа поднесе документи за развод.

Никогаш не беше потврдена причината за разделбата, но наводно главен фактор беше религиозната определба на Том, односно скиентологијата.

Сури Круз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29773 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.