Вчера Македонија ја потресе веста за смртта на Владимир Блажев – Панчо на 46-годишна возраст. Тој е осмиот член од групата ДНК кој го изгуби животот како последица на пожарот во Кочани.
Двајцата членови на бендот, кои успеаја да ја преживеат кобната ноќ, Ана Костадиновска и Горан Тонев, скршени од болка се простија од својот колега преку емотивни постови на социјалните мрежи.
Ана сподели албум со заеднички фотографии со Панчо и напиша: „Ме скрши Пане мој“.






Горан исто така сподели заедничка фотографија со покојниот пејач и се збогуваше со него со зборовите: „Почивај во мир Панчо“ и скршено срце.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година во 2:35 часот наутро.
Во пожарот во Кочани згаснаа животите на речиси сите членови на ДНК - пејачот Андреј Ѓорѓиески, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, бит-боксерот Мартин Атанасовски (Буцо), тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов.
Панчо е 63-тата жртва на трагедијата.

