Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не сакам да посвојам, сакам...“: Џенифер Анистон ја откри причината зошто никогаш не посвоила дете

„Не сакам да посвојам, сакам...“: Џенифер Анистон ја откри причината зошто никогаш не посвоила дете

Џенифер Анистон сподели зошто никогаш не посвои дете и покрај нејзината борба со неплодноста.

56-годишната актерка рече дека можеби е себично, а можеби не, но никогаш не се насочила кон посвојување бидејќи отсекогаш сакала „мало човече со нејзина ДНК“. Токму затоа и биле нејзините обиди за инвитро, кои завршиле неуспешно.

Џенифер Анистон

Во интервјуто за подкастот Armchair Expert, водителката Моника ја прашала дали нашла „мир“ што сега е на другата страна од тоа, а Џенифер одговорила:

„Многу е мирно. Но, ќе речам дека има момент кога веќе е надвор од моја контрола. Буквално не можам да направам ништо во врска со тоа“.

„Кога луѓето велат: ‘Па можеш да посвоиш’, јас не сакам да посвојам. Сакам мало човече со моја ДНК. Тоа е единствениот начин. Себично или не, какво и да е, така сум сакала... Само... не беше дел од планот, што и да беше тој план“ – рекла таа и подоцна додала: „Многу е емотивно, особено во моментот кога ќе ти речат: ‘Тоа е тоа’, бидејќи има чуден момент кога тоа се случува“.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Анистон, позната по улогата на Рејчел во серијата „Friends“ во 2022 година за првпат зборуваше за обидите да има бебе, за неуспешните инвитро оплодувања и за шпекулациите дека нејзините сопрузи (Бред Пит и Џастин Теру) ја оставале затоа што не сакала да им даде дете.

„Се обидував да забременам. Патот кон правење бебе беше предизвикувачки за мене.“

„Сите тие години и години и години шпекулации... Беше многу тешко. Поминав низ инвитро, пиев кинески чаеви... Би дала сè ако некој ми речеше: ‘Замрзни си јајце-клетки. Направи си услуга’. Едноставно не мислев на тоа. Па, еве сум денес. Бродот исплови“ – рече тогаш Анистон.

Џенифер Анистон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29717 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.