Џиџи и Бела Хадид со ангелски крилја дефилираа на шоуто на Victoria’s Secret на огромна радост на нивните фанови.
Двете сестри имаа по два ауфита на ревијата која синоќа се одржа во Њујорк.
Бела изгледаше како фатална заводничка во црвена долна облека од брендот и како карневал кралица со грандиозни бели крилја.









Џиџи чекореше на пистата во розова долна облека од чипка со палто од цветови, како и во бел свилен комплет надополнет со ефектни бели крилја.
Џиџи со возбуда изјави: „Продолжувам да се враќам во шоуто пресреќна за онаа девојка која успеа да влезе во првото шоу и за онаа моја тинејџерска верзија која само го гледаше шоуто од дома. Се навраќам наназад и мислам дека на секое шоу сум различна верзија од мене“.








