Влатко Лозаноски го чува личниот живот далеку од очите на јавноста и ретко открива детали од неговата приватност.
Досега, 40-годишниот пејач го немаше покажано лицето на синчето Марко, но сега одлучи да сподели преслатки фотографии од роденденот и крштевката во Марков Манастир. Марко пред три дена наполни една година.
„(18.10) Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен“ – напиша Лозано во описот.








Во албумот на социјалните мрежи, Влатко додаде и нивни заеднички фотографии од првата година од татковството.










