Дуото Next Time ја воодушеви јавноста со топол и интимен момент.
Мартин и Стефан Филиповски направија акустична изведба на една од најубавите детски песни, „Во светот на бајките“.
Настапот на „тато“ и „чичо“, снимен во домашна атмосфера, беше резервиран само за Лиана, која е плод на љубовта помеѓу Мартин и неговата сопруга Андреа Белеска.