Милош Биковиќ заедно со својата партнерка Ивана Малиќ и малото синче се на семеен одмор на Малдиви.
37-годишниот српски актер уживаше во авантурите на плажа со едногодишниот Василије и саканата. Тие заедно трагаа по дупчиња во кои се кријат ракчиња, фрлаа камчиња, се будеа во пет часот наутро и го открија вкусот на овошјето манго.




Парот сподели фотографии на Instagram.
„Прсти во песокот и бескрајна потрага по дупчињата каде што се скриле некои ракчиња… необјаснива желба да се фрлаат каменчиња во базенот (тоа е Василиј, не јас), будење во пет и мангото како откритие на нов вкус. Некако така“ – напиша Милош во описот на една од објавите, опишувајќи ја атмосферата и детските радости на Василиј.














Биковиќ и Малиќ за првпат се појавија во јавност на белградската премиера на „Јужен ветер 2: Забрзување“ во 2021 година.
Нивното синче се роди во јануари 2024 година.

