Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Нов моќен настап на струмичанката Тина во германскиот „The Voice“ како роденденски подарок

Нов моќен настап на струмичанката Тина во германскиот „The Voice“ како роденденски подарок

Тина Русева продолжува да ги освојува симпатиите на публиката и жирито во музичкото шоу „The Voice of Germany“.

Младата пејачка од Струмица настапи во втората фаза од натпреварувањето и од музичката битка со уште две натпреварувачки излезе како победник, освојувајќи место во тимот на судијата Нико Сантос.

„Некои родендени доаѓаат со торта. Мојот дојде со сцена, светла, микрофон и битка“ – напиша Тина на социјалните мрежи, прославувајќи го својот 21-ви роденден токму на денот на настапот.

Со енергична и самоуверена изведба на легендарната песна „Walk This Way“ од RUN DMC и Aerosmith, Тина ја покажа својата препознатлива моќ и харизма на сцена. Победата ја опиша како најубав роденденски подарок што можела да го посака.

Видео од настапот

Тина Русева Тина Русева Тина Русева

Во публиката беа и нејзини блиски, меѓу кои и гордата мајка Верица, која подоцна сподели видео на кое Тина ги дува свеќичките на роденденската торта.

Тина, која на аудициите направи вистински спектакл со динамичната изведба на хитот „Do It Like a Dude“ од Џеси Џеј, веќе неколку години живее во Леверкузен, Германија, каде го гради својот музички пат со огромна посветеност и талент.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29917 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.