Амела Мемиш Апостоловска, која храбро зборува за предизвиците на растењето на дете со аутизам, ја допре јавноста со текст кој нема да ве остави рамнодушни.
Откако дознала дека сите деца од одделението на нејзиниот син Леон биле поканети на роденден, а само тој не, таа им се обрати на родителите со искрени зборови полни со болка.
Прочитајте ја нејзината исповед во целост:


Што е најтешко во ова општество…
Не сакав јавно да се огласувам, не затоа што се жалам, туку затоа што болката на мајка која ќе се пронајде во оваа приказна зборува сама по себе.
Вчера се славел роденден на дете од одделението на Леон. За жал, тој не беше поканет. Во групата немаше покана, ниту еден збор од родителот да ми се обрати, изговори не ми се потребни дека досега не го разбрале процесот на Леон, свесно го прославија со сите останати деца, со исклучок на Леон.
Можеби тоа дете не го сакало Леон на својот роденден. Прифаќам. Но, каде е родителот што ќе му објасни дека различноста не е страшна, дека прифаќањето не боли, дека емпатијата се учи од дома?
Засрамете се!
Зар Леон не би сакал да дојде? Зарем ние, неговите родители, не би го донеле?
Го отфрливте тивко, без зборови и му покажавте дека не припаѓа. Само затоа што е различен.
На големиот одмор, сам се шета низ ходниците. Не се вклопува во безобразните зборови, во врисоците и скокањето по маси и столици што ги носат од дома.
Се штити од одбивањето, од насмевките што боли да се видат, од тишината што е повозвишена од сето тоа.
А потоа родителите зборуваат дека „играат клучна улога“.
Да, играат но тоа е нова ера на невоспитаност и распад на инклузијата.
Фотографии споделени во групата сите се таму, само Леон не е. Кога го прашав дали беше поканет, одговорот го добив со НЕ мамо никој не ме викна, а зашто? Ух, стрела низ душа ми помина , му се насмеав само и останав без зборови.
И тоа зборува повеќе од илјада зборови.
Не ми е за роденденот, не го викнале да сме живи и здрави, каде ви е побогу човечноста, свеста и за тоа колку малку емпатија остана.
И ве молам, не зборувајте за инклузија додека таа се распаѓа пред очите поради вашата невоспитаност и недостиг на воспитување дома.
И немојте кога ќе ме сретнете пред училиште да ми кажувате колку е он прекрасен одамна тие маски ви се паднати, отфрлен е Леон од моментот кога една мајка ги собра децата за проект во кој не беше Леон ставен, а Леон беше отфрлен под изговорите „но тие беснеат деца, слушаат гласна музика, знаеш на Леон тоа да не му пречи“. Па добро жено ти си му мајка или јас. Повикај ме, јави се, прашај, заеднички да изнајдеме решение. Ниту му пречи музика гласна, ниту децата што викаат и во училиште викаат, туку пречи различноста. Ете така да си знаете не сте мајки сами, само сега веќе е време дојдено гласно да се напише.
Сега разбирам зашто Леон само со возрасни комуницира оние кои допреле до него и кои ги прифаќа. Затоа што сфатил дека не е прифатен од децата.

