Почетна » Новости » Занимливости » „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога“: Штипската четворка го прослави вториот роденден

„Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога“: Штипската четворка го прослави вториот роденден

Благица и Александар Зикови од Штип го прославуваат вториот роденден на нивните четири деца Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина.

Гордата мајка објави видео компилација со емотивна честитка за четворката, добиена со помош на инвитро по 4-годишна борба со неплодноста.

Зикови Зикови Зикови Зикови

Среќен втори роденден, на нашите четири душички! Денес славиме две години безусловна љубов, смеа и најубавата музика вашите чекори, насмевки и гласчиња што го исполнуваат домот со радост.

Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцрпна енергија и љубовта што ни ја подарувате ни ја топлат душата секој ден.

Сè што ви посакуваме е да растете живи и здрави, среќни, весели и секогаш свои. Нашите четири срца, со вас животот има најубаво значење.

Зикови Зикови Зикови Зикови Зикови Зикови Зикови Зикови

Леонтина и нејзините три братчиња се родија во 31-вата недела од бременоста на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Тогаш за Femina.mk Зикови открија дека посакувале две дечиња, но дека двете оплодени јајце клетки кои биле пренесени во матката се разделиле на четири ембриони.

„Тоа чувство не може да се опише со зборови. Волшебно нешто. Прекрасно, радосно, необјасниво чувство, само си реков во себе: ‘Ти благодарам Боже за овој дар што ми го подари да станам мајка на четири дечиња истовремено’“ – раскажа тогаш Благица.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29878 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.