Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Марјана Станојковска модерна во блескава бела креација на првата вечер од „Макфест“

Марјана Станојковска модерна во блескава бела креација на првата вечер од „Макфест“

Марјана Станојковска блескаше на сцената на јубилејното 40-то издание на „Макфест“.

Македонската убавица влезе во улога на водителка на Фестивалот на забавни мелодии заедно со колегата Димитар Атанасовски. На првата вечер од свеченоста во Штип, Марјана избра бела светкава креација од ателјето Bianka Sposa.

Марјана Станојковска Марјана Станојковска Марјана Станојковска Марјана Станојковска

„40 години музика. 40 години емоции. 40 години насмевки и солзи. 40 години љубов, среќа и тага. 40 години историја, традиција...“ – рекоа водителите на почетокот од музичкиот фестивал.

Марјана Станојковска Марјана Станојковска

„Песната живее — 40 години Макфест. Четири децении љубов кон музиката, кон емоцијата што нè спојува! Од Штип до цела Македонија, сцената каде се родија безвременски хитови и нови музички ѕвезди. Оваа година славиме традиција, талент и магија на песната“ – напиша Станојковска.

Марјана Станојковска Марјана Станојковска

Првата вечер е посветена на дебитантите и на неа настапија 13 нови изведувачи со оригинални композиции.

Марјана Станојковска

ФОТО: Тоши Трајчев / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29917 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.