Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Бил со внуката која има Даунов синдром насмеани дефилираа на модна писта

Џесика Бил со внуката која има Даунов синдром насмеани дефилираа на модна писта

Џесика Бил ја воодушеви публиката со појавувањето на 18-тото годишно модно шоу „Be Beautiful, Be Yourself“, организирано од Фондацијата „Global Down Syndrome“ во Денвер, Колорадо.

43-годишната холивудска ѕвезда зачекори на модната писта за рака со својата 6-годишна внука Заја, која има Даунов синдром. Слаткото дуо тетка-внука блескаше со насмевки, додека публиката ги поздрави со громогласен аплауз.

Малата Заја носеше нежна розова цветна креација, а Џесика се одлучи за елегантна црна тоалета.

Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил

На својот Instagram профил, сопругата на Џастин Тимберлејк сподели фотографии од настанот, опишувајќи го моментот како „незаборавна вечер“.

„Каква незаборавна вечер на модното шоу ‘Be Beautiful, Be Yourself’. Никогаш нема да го заборавам моментот додека чекорев рака за рака со мојата внука Заја. Огромно благодарам на Фондацијата ‘Global Down Syndrome’ за неверојатната работа која ја вршите“ – напиша Џесика.

Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил

Ова не е првпат актерката да ја покаже својата поддршка за заедницата на лица со Даунов синдром. Во март, по повод Светскиот ден на Даунов синдром, таа сподели фотографии со Заја, истакнувајќи дека оваа кауза ѝ е особено блиска на срцето.

„Секој ја заслужува грижата која му е потребна. Да направиме разлика заедно“ – напиша тогаш Бил.

Џесика Бил Џесика Бил Џесика Бил

Настанот „Be Beautiful, Be Yourself“ е најголемата добротворна ревија во светот посветена на подигнување на свеста и поддршка на лицата со Даунов синдром.

Џесика Бил

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29917 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.