Почетна » Новости » Актуелно » „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ втора година по ред е бизнис лидер во тутунската индустрија

„Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ втора година по ред е бизнис лидер во тутунската индустрија

Компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП) втора година по ред го доби престижното признание за лидер во дејноста „Трговија на големо со производи од тутун“ поради остварените финансиски резултати во 2024 година. Наградата ја доделува проектот „Бизнис лидер“ врз основа на детална анализа на остварените резултати на компаниите во различни дејности во изминатата година. Со оваа награда, ФМТКП повторно се најде меѓу најуспешните компании во земјава кои постигнуваат врвни резултати во работењето и се двигатели на домашната економија и поттикнувачи на нејзиниот развој.

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп

Исклучителните постигнувања на компанијата се резултат на нејзината стратешка визија да создаде долгорочна вредност за заедницата и локалната заедница преку трансформација на тутунската индустрија во модерен систем кој се темели на технологија, иновации, квалитет и одржливост. Во име на целиот тим, престижната награда синоќа ја подигна менаџерот за екстерни прашања во ФМТКП, Василка Салевска-Трајкова, на свечениот настан кој на едно место ги собра бизнис лидерите во различните индустриски гранки во земјава, претставници на бизнис-заедницата, аналитичари, инвеститори и иноватори кои придонесуваат за економскиот развој на земјава.

- Вистинското лидерство значи да застанеш зад тоа во што веруваш. А ние во „Филип Морис“ веруваме во иновациите, науката и во одржливоста, затоа што тие го трасираат патот кон подобра иднина за бизнисот, луѓето и за заедницата. Ова признание е за целиот тим, за луѓето што стојат зад идеите, трудот и успесите – рече Салевска-Трајкова по примањето на наградата.

Како еден од најуспешните примери за јавно-приватно партнерство во земјава, Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп посветено ги реализира зацртаните цели, докажувајќи дека успешно може да ја трансформира традиционалната тутунска индустрија во современа гранка која ја сместува нашата земја на мапата на модерните економии.

Наградите „Бизнис лидер“ ги доделува „Евентика“ во соработка со „Таргет Груп“ како аналитички партнер на целиот проект.

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29920 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.