Мирослав и Ивана Кацаров уживаат во прекрасниот период додека го очекуваат нивното прво заедничко дете.
Неполн месец пред да го запознаат синчето Тадеј, познатиот водител и неговата убава сопруга решија да ги овековечат среќните моменти со нежна и емотивна фотосесија. Во неа им се придружи и малата Миа, која Ивана ја има од првиот брак, а која Миро ја гледа како свое дете.
„Џабе ти живот ако нема за кој да го живееш“ – напиша тој во описот на албумот со фотографии објавени на Instagram.
Во јули, Миро и Ивана го открија полот на нероденото дете со голема забава и споделија дека нивното синче ќе се вика Тадеј.
Парот стапи во брак во септември 2023 година.
ФОТО: Instagram / Miro Kacarov, Ivana Kacarov
