Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ноќ на музика и нови гласови: Дебитанти го отворија јубилејниот „Макфест“ во Штип

Ноќ на музика и нови гласови: Дебитанти го отворија јубилејниот „Макфест“ во Штип

Во градот на младоста и песната, под светлата на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, синоќа беше отворено јубилејното 40-то издание на „Макфест“, фестивал кој веќе четири децении го чува идентитетот на македонската забавна музика и нејзината најубава традиција.

Првата фестивалска вечер беше посветена на новата генерација пејачи, млади луѓе со сон, глас и храброст да чекорат по патот што пред нив го трасирале легендите на македонската сцена. Во атмосфера исполнета со возбуда и аплаузи, дебитантите ја почувствуваа магијата на првото појавување пред голема публика.

На сцената се претставија Валдера, Анастасија Никова, Дорис Ди, Бобан Вељановски, Марија Наумовска, Катерина Јовановиќ, Боно и Тами, Дино Петриќ, Санела Шукриевска, Стефан Ефремов, Агни Авшар, Еми и Елена Наумова.

На победничката листа свое место си обезбедија: Стефан Ефремов, Агни Авшар, Елена Наумова, Дино Периќ, Дорис Ди и Катерина Јовановиќ.

Свечениот почеток го означија градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, и уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов, кои во своите обраќања нагласија дека „Макфест“ не е само фестивал, туку симбол на културниот континуитет, платформа што обединува генерации и ги поттикнува младите да создаваат, пеат и сонуваат на свој јазик.

Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест

Втората вечер ќе биде резервирана за искусните изведувачи кои оставиле трага на македонската сцена, а големата гала-вечер на 25 октомври ќе го заокружи славеничкиот циклус со избор од највеличествените хитови во историјата на фестивалот, односно вистинска музичка ретроспектива на времето, гласовите и емоциите што обележале една епоха.

Сите три фестивалски вечери се емитуваат во живо на МРТ со почеток во 20 часот, а вечерите ги водат харизматичните Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, кои со својата елеганција и ведрина го дополнуваат сјајот на сцената.

ФОТО: Тоши Трајчев / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29920 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.