Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Младешка енергија и музика што освојува: Ѕирнете низ втората вечер на „Макфест 2025“

Младешка енергија и музика што освојува: Ѕирнете низ втората вечер на „Макфест 2025“

Штип повторно пееше, аплаудираше и се вљубуваше во музиката. Втората вечер на јубилејното 40. издание на фестивалот „Макфест“ беше исполнета со свежа енергија и нови, но и добро познати гласови.

На големата сцена настапија победниците од првата вечер посветена на дебитантите – Стефан Ефремов, Агни Авшар, Елена Наумова, Дино Периќ, Дорис Ди и Катерина Јовановиќ.

Микрофонот беше резервиран и за Марија Атанасова (Вљубена во лага), Јанг Дади (Писмо), Мартинијан Кириловски (Без да кажеш збор), Ана Петановска (Со тебе до ѕвездите), Јуле Николовска (Мој си грев), Лара Иванова (Доминантен), Коки Јанков (Виолина и …), Павле Камиловски (Милион лета), Димитар Андоновски (Души две), Зоран Ванев (Душо моја), Тамара Волчевска (Ведро е), Зоран Илиев (Најмила), Дејан Тасев (Мене ти ми требаш) и Симона Поповска (Не ми доаѓаш).

И додека сите веќе со нетрпение го очекуваат финалето, кое ќе биде омаж на најубавите макфестовски евергрини, вечерта заврши со заслужен триумф. Имено, „Жена“ на Антониа Гиговска беше прогласена за Најслушана песна од фестивал до фестивал. Пејачката доби награда од 120.000 денари, лично врачена од градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, додека публиката ѝ возврати со долг аплауз.

Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест

Фото: Тоши Трајчев / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.