Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Антониа Гиговска со драматичен стајлинг на „Макфест“, ја прими наградата Најслушана песна за „Жена“

Антониа Гиговска со драматичен стајлинг на „Макфест“, ја прими наградата Најслушана песна за „Жена“

За време на втората вечер на јубилејното 40. издание на „Макфест“, наградата за најслушана песна меѓу двата фестивали ѝ беше доделена на Антониа Гиговска за „Жена“.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, ѝ врачи ваучер во вредност од 120.000 денари, како признание за успехот и популарноста на песната кај публиката.

На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, младата ѕвезда се појави во впечатливо издание. Драматичната црвена креација од брендот Sidor, Антониа ја искомбинира со прстени од Chapter.03, а шминката и косата ѝ беа осветлени за да се долови албино изглед.

Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест

„Жена“, која е една од најпопуларните песни на Гиговска, е современа поп-балада со емотивен текст и карактеристичен рефрен.

Фото: Тоши Трајчев, Дејан Коцев / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.