Во Штип синоќа згаснаа рефлекторите, но фестивалската магија продолжи да пулсира во воздухот. Со емотивна и гламурозна завршница, фестивалот „Макфест“ го заокружи своето јубилејно 40. издание.
На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, се вратија истакнати имиња и отпеаја хитови кои спојуваат генерации.
Непосредно пред манифестацијата, дел од учесниците и организаторите застанаа пред објективите на фоторепортерите, а потоа заедно со публиката уживаа во носталгична вечер исполнета со емоции и музика која не се заборава.
Погледнете како изгледаа присутните:
Фото: Дејан Коцев / Femina.mk
