Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечена вечера организирана од Емануел Макрон.
Македонската претседателка беше пречекана од францускиот претседател, кој џентлменски ѝ ја бакна раката. Пред свеченоста, заедно со нив се фотографираше и првата дама Брижит Макрон.
За настанот, кој се одржа во чест на високите гости на Парискиот мировен форум, Сиљановска-Давкова сподели:
„Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите.“
Нашата претседателка изгледаше отмено во костум во бордо нијанса надополнет со елегантен шал.
