Почетна » Новости » Актуелно » Доаѓа од семејство со 14 деца, има трчано маратони, игра кошарка и фудбал со деца... Ова е новата претседателка на Ирска

Доаѓа од семејство со 14 деца, има трчано маратони, игра кошарка и фудбал со деца... Ова е новата претседателка на Ирска

Кетрин Коноли е новата претседателка на Ирска.

68-годишната политичарка победи на изборите и стана трета жена во историјата која ќе ја врши оваа функција. Коноли се кандидираше на претседателските избори како независен кандидат со желба да биде претседател за сите луѓе, а стана и ѕвезда на социјалните мрежи со својата чесност и младешкиот спортски дух.

Кетрин Коноли

Зад нејзиниот подем стои исклучителна животна приказна, полна со скромност, интегритет и непоколеблива решителност да оди против „струјата“.

Коноли во минатото има трчано маратони и се има натпреварувано во бадминтон. Ниту сега, во седмата деценија од животот, ја нема изгубено својата енергија и виталност, а неодамна стана хит со видео во кое игра кошарка со деца и им покажува како се жонглира со нозе со фудбалска топка.

@sinnfein Catherine showing us how it’s done today in Courtney Place #dublin #connollyforpresident #ireland #president #unity ♬ original sound - Sinn Féin
Кетрин Коноли

Како личност која потекнува од големо семејство со 14 деца, седум момчиња и седум девојчиња, таа многу добро знае што значи скромност и силно чувство на заедништво.

„Како некој кој доаѓа од семејство со 14 деца, пораснав со разбирање за важноста на слушањето на различните гласови“ – рекла Кетрин.

„Сакам мојот глас да ве охрабри да го користите вашиот глас“ – додала таа.

Идната претседателка, која ќе стапи на функција на 11 ноември, е деветто дете во семејството. Мајка ѝ починала ненадејно кога Кетрин имала само девет години, оставајќи го татко ѝ, дрводелец и бродоградител, сам да ги одгледа децата. Нејзините две постари сестри, како што често вели, „стапија на местото на мајка“ и се откажале од тинејџерските години за да се грижат за остатокот од семејството. Тие ѝ всадиле чувство за одговорност и солидарност.

Денес, и покрај функцијата што ја има, најчесто се движи со својот велосипед низ Голвеј, што стана нејзин препознатлив знак. Дури и на гласањето на претседателските избори, таа пристигна со велосипед.

Кетрин Коноли
@thejournal_ie

Independent candidate Catherine Connolly has cast her her vote in the presidential election before pedalling off from her Co Galway polling station. Get the latest polling day updates at The Journal.

♬ original sound - The Journal

Иако не припаѓа на ниту една партија, нејзиниот авторитет и чесноста ѝ донесоа поддршка од цел спектар на левичарски партии – од Шин Фејн до Лабуристите и Социјалдемократите.

Кетрин Коноли Кетрин Коноли

Коноли ја водеше кампањата, ветувајќи претседателство засновано на почит, еднаквост и хуманост. Ирската јавност ја доживеа како „глас на обичните луѓе“, а едноставниот стил, искреноста и чувството за хумор ја направија вирален феномен на социјалните мрежи.

Кетрин е мајка на два возрасни синови од бракот со Брајан.

Кетрин Коноли Кетрин Коноли Кетрин Коноли Кетрин Коноли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30072 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.