Почетна » Новости » Музика » Кики освојува со новата песна „Loop“: Младешка енергија, заразен ритам и дежа ву во љубовен круг

Кики освојува со новата песна „Loop“: Младешка енергија, заразен ритам и дежа ву во љубовен круг

Кики Мукаетова ја има формулата за музички хит. Младата ѕвезда ја претстави својата најнова песна „Loop“, забавен сингл што веднаш освојува со динамичен ритам, свеж звук и емоции во кои секој може да се препознае.

Песната носи модерен поп аранжман со електронски елементи и е вистински пример за новата генерација домашни изведувачи кои внесуваат свежина на сцената. „Loop“ е создадена за младите што живеат во брз ритам, но сепак се губат во бескрајните кругови на љубовта, желбата и сеќавањата. Песната е придружена и со видеоспот во современ естетски дух, со танцови движења што ја пренесуваат енергијата на песната.

Музиката е на Лазар Цветковски додека текстот го напиша Магдалена Цветковска. Зад кореографијата во спотот стои студиото за танц „Еурека“.

„Ти и јас се врти-вртиме во круг, дежа ву заглавени во Loop“ - е рефренот кој сигурно ќе ви се заглави главата.

Во видеото Кики и танчерките се облечени во креации од MINIMAL by NANA, а модниот избор е комплетиран со накит од Chapter.03.

Спотот за „Loop“

Кики Мукаетова Кики Мукаетова Кики Мукаетова Кики Мукаетова Кики Мукаетова Кики Мукаетова Кики Мукаетова Кики Мукаетова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.