Почетна » Новости » Актуелно » „Со тешка рака името Ѓорги на лист за помен за Задушница ќе го напишеш“: Трогателни зборови за мајката на тапанарот на ДНК кој загина во Кочани

„Со тешка рака името Ѓорги на лист за помен за Задушница ќе го напишеш“: Трогателни зборови за мајката на тапанарот на ДНК кој загина во Кочани

Ден пред Задушница, Билјана Андоновска сподели трогателна поема посветена на мајката на Ѓорѓи, тапанарот на групата ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со зборови полни болка и нежност, познатата македонска писателка и поетеса ѝ се обрати на мајката Зорица, која сега своето дете го споменува со молитва. Песната е сведоштво за мајчината љубов што трае вечно.

Ѓорѓи и Зорица

За мајката на Ѓорѓи...
(тапанар Днк бенд)

Зорице моја,
Знам дека боли.
И знам дека срцето ти го знам, иако не те запознав.
Ти, најсилна моја која со тешка рака името Ѓорги на лист за помен за Задушница ќе го напишеш.
Твоето јагне кое не на листот да го напишеш,
ами сакаш силно да го гушнеш.

И ете гушнати сте.
И посакуваш толку да го стегнеш, па да се смеете ко некогаш.
Тропна тапанот и срцето ти се разигра....
Мигови...

И пак се враќаш за миг тука кај листот.
Тагата те чека.
Пустата, никако да замине.

Крстот ти натежнува,
но не го оставаш.
Знаеш мила моја, знаеш дека јагнето ти е тука.
Зад крстот.
Со Бога.
Сака мајка му радосна да е.
Те гушка крадешкум кога спиеш.
И сила ти дава да издржиш.
И ти шепоти:
А, што се деновите земни наспроти вечноста?
Што е тагата наша, спрема радоста рајска?

И кога дете ќе сретнеш, гушни го силно.
Оти секое дете јагне е.
Знаеш што?
Чајот од мајчина душичка што во ракава ми е,
топол и миризлив е како срцето твое....

Твојата писателка, Билјана Андоновска

Ѓорѓи Ѓорѓи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.