Почетна » Новости » Актуелно » Раззеленети првите два училишни двора избрани на dm конкурсот „Зелена иднина: Од градинка до училиште“

Раззеленети првите два училишни двора избрани на dm конкурсот „Зелена иднина: Од градинка до училиште“

dm drogerie markt ја започна реализацијата на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ со пошумување и раззеленување на дворовите на две основни училишта од земјава. ООУ „Стив Наумов“ од Битола и ООУ „Његош“ – Јурумлери во општина Гази Баба во Скопје добија донација наменета за набавка на садници во вкупен износ од 262.100 денари.

Конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“,кој е отворен од септември 2025 година, има за цел да го поддржи раззеленувањето и хортикултурното уредување на дворовите на државните и општинските градинки и училишта во земјата, со акцент на подобрување на животната средина и создавање на зелени површини за учениците.

Во двете одбрани училишта, ООУ „Стив Наумов“ и ООУ „Његош“, беа посадени вкупно 281 нов садник, во вкупна вредност од 262.100 денари.

dm dm

„Ни претставува големо задоволство што интересот за конкурсот е голем и што досега се пријавија толку многу соодветни проекти кои би можеле да ги поддржиме. Раззеленувањето на дворовите во ООУ ‘Стив Наумов’ во Битола и ООУ ‘Његош’ во Гази Баба ќе им помогне на училиштата да создадат попријатен простор за малите ученици, на кои зеленилото ќе им биде добредојдено и за релаксација и за игра на отворено“, изјави Сандра Атанацковиќ, дел од тимот за маркетинг и комуникација на dm drogerie markt.

Сите проекти пријавени преку конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ ги разгледува специјално составен стручен тим од претставници на dm drogerie markt и претставник од Македонското еколошко друштво (МЕД). На конкурсот можат да се пријават државни и општински градинки и училишта, а крајниот рок за аплицирање е 31.8.2026. При изборот на проекти предност имаат државни и општински средни и основни училишта и градинки кои немаат или имаат недоволен број на дрвја или растенија во својот двор.

Преку зазеленување на училишните дворови се подобрува вегетацијата околу самиот објект, се создаваат сенки кои летно време се неопходни и се мотивираат децата да ја пренесат нивната игра надвор, на отворено.

Ова е еден начин на кој dm drogerie markt враќа кон заедницата во која постои и покажува висока еко-свест за животната средина. Но, со донацијата dm поставува и пример за еко-одговорност, учејќи ги дека за природата треба да се грижиме и да го посадиме зеленилото кое сакаме да го видиме околу нас, исто како што со образованието ја негуваме следната генерација на луѓе на кои ќе го оставиме светот.

Пријавувањето на нови проекти за конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ може да се направи преку формуларот за пријава на платформата ЗАЕДНО едни за други.

dm dm

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.