Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Ештон Кучер дозволи емоциите да го надвладеат додека зборуваше за братот близнак со церебрална парализа

ВИДЕО: Ештон Кучер дозволи емоциите да го надвладеат додека зборуваше за братот близнак со церебрална парализа

Ештон Кучер беше почестен со наградата „Robert D. Ray Pillar of Character“ на настан во Ајова. Признанието му беше доделено за неговата работа во локалните училишта и основањето на „Native Fund“, непрофитна организација која им помага на жителите на Ајова погодени од природни катастрофи.

Во својот говор, 39-годишниот актер им се заблагодари на најблиските личности кои имаат важна улога во неговиот живот.

Кучер дозволи емоциите да го надвладеат кога започна да зборува за својот брат близнак, роден со церебрална парализа.

„Јас бев роден како близнак и од моментот кога дојдов на овој свет, морав да го делам со некого. Го делев секој роденден, секој Божиќ, ја делев мојата соба, мојата облека. Делев сè што имав на овој свет и не знаев дека постои друг начин, бидејќи секогаш го имав брат ми покрај себе.“

„Брат ми беше роден со церебрална парализа и тој ме научи дека сакањето на луѓето не е избор и дека луѓето всушност не се создадени еднакви. Уставот нè лаже, не сме сите создадени еднакви. Сите ние сме создадени неверојатно нееднакви меѓусебе, во нашите способности и тоа што можеме да направиме, во начинот на размислување и во она што го гледаме. Но, сите ние имаме еднаков капацитет да се сакаме еден со друг, а на тоа ме научи мојот брат – изјави Ештон во својот говор.

ВИДЕО:

Посветата за неговиот брат започнува по 8-мата минута.

Ештон и МајклЕштон со својот брат близнак Мајкл Мајкл и Ештон

Во говорот, Ештон зборуваше и за сопругата Мила Кунис и нивните две деца и раскажа интересна случка од тој ден, која ја слави улогата на мајките. „Мислев дека сум прекрасен што станав порано и ѝ помогнав со децата пред таа да се разбуди и ја оставив да спие малку подолго, а таа ми рече: Што, сега ќе глумиш дека си уморен? Јас го правам тоа секој ден.“ – вели Кучер.

Мила од публиката го поддржуваше својот сакан кога тој го прими важното признание. Потоа, таа му се придружи на сцената.

Мила и Ештон Мила и Ештон Мила и Ештон Мила и Ештон Мила и Ештон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.