Почина Мајкл Медсен.
Актерот од „Kill Bill“ и „Reservoir Dogs“ беше пронајден мртов во неговиот дом во Малибу. Имаше 67 години.

Менаџерот на холивудската ѕвезда тврди дека Мајкл починал од „срцев удар“.
Медсен беше најпознат по честите соработки со режисерот Квентин Тарантино и по улогите во филмови како „Kill Bill“, „Reservoir Dogs“, „Once Upon a Time in Hollywood“ и „Donnie Brasco“.




Мајкл имаше седум деца со три различни жени. Неговиот син Хадсон се самоуби во 2022 година, на 26-годишна возраст, а актерот за тоа ја обвинил сопругата ДеАна. Според судските документи, нивниот син се самоубил поради „негрижата, пиењето и алкохолизмот“ на неговата сопруга.
Подоцна, тој ги отфрли ваквите обвиненија и напиша дека таа немала никаква вина за неговата смрт.

Пред 11 месеци, Мајкл бил уапсен поради семејно насилство врз сопругата ДеАна, но случајот бил отфрлен поради недоволно докази.

