Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Ештон Кучер се присетува на моментот кога размислувал да се убие за да го спаси близнакот со церебрална парализа

ВИДЕО: Ештон Кучер се присетува на моментот кога размислувал да се убие за да го спаси близнакот со церебрална парализа

Ештон Кучер за првпат застана пред камера со својот близнак Мајкл. Браќата снимија интервју со доктор Дејвид Ејгус за серијалот „The Checkup: With Dr. David Agus“.

За време на разговорот, тие се отворија за најголемите здравствени проблеми и причините за оддалечувањето еден од друг.

Славниот актер со солзи во очите се присети на моментот кога размислувал да скокне од балкон за да може да му го донира своето срце на Мајкл, на кого итно му била потребна трансплантација.

На Мајкл му била дијагностицирана церебрална парализа на рана возраст. Тој имал зголемено срце и на 13-годишна возраст докторите му прогнозирале само 48 часа живот, доколку не му биде извршена итна трансплантација на ново срце.

Кучер

Мајкл бил хоспитализиран кога срцето престанало да му чука, а Ештон бил покрај него.

„Бев во болничката соба со него и ја видов линијата на машината како станува права, а знам дека не треба да биде така, бидејќи често го посетував. Тогаш медицинскиот персонал ме фати и ме изваде од собата“ – изјави емотивниот актер.

„Започнав да си мислам, ако некој е соодветен донор, тогаш тоа сум јас. И така започнуваш да си го вртиш тоа низ главата и си велиш: ‘Овој балкон изгледа доволно висок за да ја заврши работата’“ – се сеќава Ештон.

За среќа, само еден ден подоцна, бил пронајден соодветен донор за Мајкл и му била извршена трансплантација.

Видео:

„Нема многу 13-годишници кои им кажуваат на браќата/сестрите дека ги сакаат, но за мене, тоа беше најважното нешто кое можев да го направам“ – рекол Мајкл.

Кучер

„Се прашував како може јас да сум толкав среќник, а брат ми да е роден со церебрална парализа, па да има трансплантација на срце, па згрутчување на крвта“ – вели Ештон во видеото, а потоа опишува момент кога Мајкл го посетил во Њујорк.

„Тој ме погледна и ми рече: ‘Секојпат кога ме сожалуваш, ме правиш помалку од тоа што сум. Ова е единствениот живот што го знам, па престани да ме сожалуваш за единственото нешто што го имам’“ – откри Кучер.

Кучер Кучер

Мајкл призна дека љубомората која ја чувствувал кон братот направила многу да се оддалечат еден од друг.

Ештон зборуваше и за васкулитисот, кој го доби во 2019 година, а е сериозна автоимуна болест која може да доведе до згрутчување на крвта и оштетување на органите.

Сè уште не е објавено целосното видео од интервјуто.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.