Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Девојка со церебрална парализа искрено му се радува на божиќниот подарок од сестра ѝ

ВИДЕО: Девојка со церебрална парализа искрено му се радува на божиќниот подарок од сестра ѝ

Хана е девојка која обожава да вози, но бидејќи има церебрална парализа, таа не може да управува автомобил. Затоа пак, 30-годишната девојка со страст игра видео игри со возење и ужива во тоа.

Нејзината сестра Беки прави сè што може за да ѝ обезбеди што поубав живот на сестра си. За Божиќ, грижливата девојка ѝ подари на Хана видео игра со волан, а радосната реакцијата беше снимена на видео.

Хана и Беки се активни на социјалните мрежи, а нивна цел е да ја подигнат свеста за церебралната парализа и да создадат поинклузивен свет за лицата со попреченост.

Беки има создадено листа со желби за сестра си која посветено ја исполнува.

„Сестра ми Хана е родена со церебрална парализа, што значи дека не добила доволно кислород во мозокот кога се родила. Таа не може да оди и да зборува, но е целосно свесна за сè што се случува околу неа. Зависник е од адреналин и прва крева рака за возење на ролеркостер. Создадовме наша листа, позната како листа на нашите соништа, за да ви покажеме колку далеку може да ве одведе љубовта. Ако јас можам да се качувам по ѕид кој е импровизирана карпа или да скокнам од авион со некој во инвалидска количка, можете и вие“ – пишува Беки.

Хана и Беки Хана и Беки Хана и Беки Хана и Беки Хана и Беки Хана и Беки Хана и Беки Хана и Беки Хана и Беки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11134 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.