Диригентот Карло Понти се ожени со грузиската фитнес инструкторка Маријам Шарманашвили.
56-годишниот син на холивудската икона Софија Лорен се заколна на вечна љубов со 20 години помладата избраничка во Манастирскиот комплекс Самтавро во Мцхета, Грузија, кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.


„На овој незаборавен ден, 26 јули 2025 година, во нашето сакано Тбилиси, Грузија, моите емоции се како ноти на прекрасна симфонија: танцување во совршена хармонија и страсна радост во исчекување на животот кој се одвива пред нас! Те сакам Маријам, до крајот на нашите денови“ – напиша Карло.



Овој брак привлече големо медиумско внимание, не само поради познатото семејство на младоженецот, туку и поради тоа што Карло во пресрет на венчавката ја прифати православната вера во знак на почит кон културното наследство и верската традиција на неговата избраничка.











На свеченоста присуствуваа најблиските пријатели и роднини на парот, но не и Софија Лорен, што беше причина за многу шпекулации во медиумите. Сепак, се верува дека нејзиното отсуство било поради здравствени или лични причини, без никаква семејна драма.
Се очекува таа да биде присутна на прославата во Женева, која ќе се одржи во септември.



Карло и Маријам се запознале преку социјалните мрежи. И двајцата имаат по две деца од претходни партнери.
