Почетна » Новости » Промо » Прв депозит за млади на пазарот – VIBE ON флекси депозит од Шпаркасе Банка

Прв депозит за млади на пазарот – VIBE ON флекси депозит од Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка АД Скопје го претставува првиот депозит за млади на пазарот VIBE ON Флекси депозит – нов, модерен и единствен депозитен производ наменет за млади од 18 до 28 години, создаден за генерацијата што сака слобода, флексибилност и контрола над своите финансии.

Со VIBE ON Флекси депозитот, младите добиваат можност да штедат по свои правила, да прават дополнителни уплати и исплати во кое било време и со тоа да го задржат својот финансиски ритам без ограничувања.

Vibe On

Депозитот е достапен во денари и во евра, со промотивна фиксна каматна стапка до 2,80 % за денари и фиксна каматна стапка до 2 % за евра, рочност од 12 или 24 месеци и минимален износ за отворање од 6.000 МКД / 100 ЕУР.

Шпаркасе Банка продолжува со својата мисија за креирање производи наменети за младите, со фокус на финансиска едукација и поттикнување одговорно управување со личните финансии. Новиот производ е осмислен да ги препознае и да ги поддржи можностите и потребите на младите, овозможувајќи им да го направат првиот значаен чекор кон создавање навика на штедење – на начин што е едноставен, модерен и флексибилен. VIBE ON Флекси депозитот ја следи динамиката на младите и им овозможува целосна слобода во управувањето со своите средства, без притисок и со можност за штедење во сопствен ритам“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

VIBE ON е платформата преку која Шпаркасе Банка креира иновативни решенија за младите, поттикнувајќи финансиска независност и одговорност.

Повеќе информации на: www.sparkasse.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.