Космосот во ноември го менува ритамот и нè насочува кон нови почетоци, но само откако ќе се соочиме со она што сè уште нè држи назад.
Месецот започнува со возбуда што се чувствува во воздухот, па очекувајте силни страсти, пресврти и судбински средби. На 4 ноември Марс влегува во Стрелец и ќе почувствуваме прилив на храброст и огнена енергија. Време е за нови потфати, нови љубови и нови почетоци.
Еден ден подоцна, т.е. на 5 ноември, полната месечина ќе биде и супермесечина и ќе ги осветлува нашите најдлабоки желби и материјални потреби. Ќе се постават прашања за сигурност, стабилност и вредности и во љубовта, и во парите, и во животот.
На 6 ноември, Венера ќе премине во Шкорпија и ќе ни ја разгори страста. Љубовта ќе стане поинтензивна, подлабока и помалку предвидлива. Ретроградниот Меркур ќе донесе ни недоразбирања и ненадејни одложувања во плановите, додека ретроградниот Јупитер ќе нè потсети дека секоја голема промена бара време и емоционална зрелост.
Втората половина на месецот носи трансформација. 20 ноември со младата месечина во Шкорпија ќе отвори пат за нови почетоци, особено во љубовта и личните односи. А во последната третина на месецот, Сонцето и Венера преминуваат во Стрелец, што значи да очекуваме безгрижност, романтика и копнеж за искуства заокружени со вистинска животна искра.
Ноември е месец кога ќе почувствуваме дека завршува нешто старо и започнува нешто многу, многу повозбудливо.
Најсреќни ќе бидат ШКОРПИИТЕ, но и СТРЕЛЦИТЕ ќе бидат силно наградени од небесните тела.
| Датум | Случување |
| 4 ноември | ♂ Марс влегува во стрелец |
| 5 ноември | ☽ Настапува полна месечина во бик |
| 6 ноември | ♀ Венера влегува во шкорпија |
| 8 ноември | ♅ Уран со ретроградно движење влегува во бик |
| 9 ноември | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во стрелец |
| 11 ноември | ♃ Јупитер преминува во ретроградно движење во рак |
| 19 ноември | ☿ Меркур со ретроградно движење влегува во шкорпија |
| 20 ноември | ☽ Настапува млада месечина во шкорпија |
| 22 ноември | ☉ Сонцето влегува во стрелец |
| 28 ноември | ♄ Сатурн преминува во директно движење во риби |
| 29 ноември | ☿ Меркур преминува во директно движење во шкорпија |
| 30 ноември | ♀ Венера влегува во стрелец |
Табела: најважните датуми за месец ноември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:
