Како и секоја година, така и оваа, Хајди Клум ги одушеви сите со својата маска за Ноќта на вештерките.
52-годишната манекенка, која е нарекувана и „Кралица на Халовин“, се трансформираше во Медуза, чудовиште со женски лик, кое наместо коса има змии. Страшната маска, Хајди ја откри на нејзината забава, која традиционално ја организира за Халовин.
Сопругот на Хајди, Том Каулиц, се преправи во храбар витез кој се бори со неа.
„Не зјапајте предолго или ќе се претворите во камен“ – напиша таа на видео, алудирајќи на способноста на Медуза со поглед да ги претвора луѓето во камен.
Костимот беше уште една соработка со мејкап артистот Мајк Марино, кој работеше заедно со уште 35 артисти за да ја реализира замислата на Клум.
