Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Јован Јованов и Елвир Мекиќ заедно за новиот дует „Адреналин“

ВИДЕО: Јован Јованов и Елвир Мекиќ заедно за новиот дует „Адреналин“

По цели 16 години, Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги спојуваат гласовите и музичката хемија во новиот дует „Адреналин“, песна што ветува да стане вистински есенски хит.

Двајцата музичари, кои пред повеќе од деценија и пол ја снимија незаборавната „Слаба точка“, сега се враќаат со нешто помодерно, побрзо и поенергично. Во видеоспотот за „Адреналин“, популарните пејачи се придружени од две атрактивни девојки, совршено доловувајќи ја страста и возбудата од стихот „Ти си мојот адреналин“.

Интересно е што овој проект ги обедини и покрај далечината. Имено, Јованов, кој со години живее и твори во Канада, повторно е во Македонија поради неговата улога на креативен директор на „Макфест“, додека Мекиќ веќе подолг период живее со семејството во Сараево.

Спотот за „Адреналин“

Јован Јованов и Елвир Мекиќ Јован Јованов и Елвир Мекиќ Јован Јованов и Елвир Мекиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30094 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.