Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Коњаник ја запроси саканата во срцето на Бигорски на пат кон Крушево пред Илинден

ВИДЕО: Коњаник ја запроси саканата во срцето на Бигорски на пат кон Крушево пред Илинден

Пар, кој е дел од Илинденската коњаница, се вери во срцето на Бигорскиот Манастир.

За време на утринската церемонија во манастирот, Стефан Ѓурчиноски клекна на колено и ја запроси својата девојка Марија Давидовска. Среќната девојка го прифати неговиот предлог за брак, а моментот беше споделен на социјалните мрежи, каде постојано се нижат честитки.

Стефан Ѓурчиноски и Марија Давидовска Стефан Ѓурчиноски и Марија Давидовска Стефан Ѓурчиноски и Марија Давидовска Стефан Ѓурчиноски и Марија Давидовска Стефан Ѓурчиноски и Марија Давидовска

Стефан и Марија заедно јаваат со здружената коњаница „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“.

Во описот на видеото стои:

Во срцето на Бигорски, еден коњаник ја запроси својата сакана комитка – токму на патот кон Крушево, во пресрет на Илинден.

Ова не е само љубов – ова е завет, традиција и слободарски дух. Илинденската коњаница носи љубов кон татковината... и љубов кон животот.

ФОТО: Screenshot / YouTube

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27804 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.