Катарина Ивановска повторно ги одушеви своите следбеници, но овој пат не од модните писти, туку од тиркизните води на Јонското Море.
Заедно со саканиот Стефан Ханџиски, 36-годшниот модел уживаше во интимно и стилски едрење меѓу најмагичните грчки острови како Кефалонија, Итака, Меганиси, Атокос и Лефкада.







На нејзиниот Instagram профил можеме да ѕирнеме во ова нивно летно бегство полно со мир, љубов, природна убавина и стил. Катарина покажа дека вистинскиот луксуз е во слободата, морето и вистинската љубов покрај тебе.












Катарина и Стефан се во врска две години. Таа има две деца од претходна врска.
