Џесика Алба е пресреќна со Дени Рамирез. Популарните актери беа затекнати од папараците по ручек во ресторан, а на фотографиите изгледаат како неразделни заљубени тинејџери.
44-годишната ѕвезда и 32-годишниот актер се бакнуваа и слатко се кикотеа, уживајќи во новата романса.
Алба на почетокот на годината објави дека се разведува од Кеш Ворен по 16 години брачен живот. Ворен не избегнал коментар за новата врска на Алба и пред камерите на TMZ рече: „Среќен сум за неа“, а дополни и дека лично не го познава Рамирез.









Алба и Ворен имаат три деца – ќерките Хонор и Хевен и синот Хејз.
