Почетна » Новости » Актуелно » „Тие никогаш нема да се сами“: Ливерпул ќе продолжи да ѝ плаќа на сопругата на Жота, ќе се погрижи и за образованието на децата

„Тие никогаш нема да се сами“: Ливерпул ќе продолжи да ѝ плаќа на сопругата на Жота, ќе се погрижи и за образованието на децата

Трагичната смрт на фудбалерот Диого Жота и неговиот брат Андре го потресе светот, но и покажа дека сè уште постои добрина во него.

Фудбалскиот клуб Ливерпул одлучи и понатаму да го почитува договорот со покојниот играч и да продолжи уште две години да ја исплаќа платата на Жота на неговото семејство. Според португалските медиуми, сопругата на Жота, Рут, како и нивните три деца, ќе добијат околу 20 милиони долари – по околу 10 милиони годишно.

Диого Жота

Дополнително, клубот се обврзал да се погрижи за образованието на трите дечиња на парот сè до нивното завршување.

Фановите на клубот не штедат пофалби за овој потег и пишуваат дека ова е доказ за славното мото на клубот „You’ll Never Walk Alone“ (Никогаш нема да чекориш сам).

„Тие никогаш нема да се сами“, „Ливерпул одржува лекција за љубов и лојалност. Респект“, „Вистинска лојалност и грижа. Ливерпул покажа дека е повеќе од клуб – семејството е на прво место“ – се само дел од коментарите.

Диого Жота

Диого и Рут стапија во брак само 11 дена пред неговата смрт. Тие беа заедно уште од тинејџерските денови, а таа му била огромна поддршка и најверен навивач на трибините.

Диого Жота Диого Жота

Диого почина на 28 години во сообраќајна несреќа кога со својот брат излетале од автопатот А-52 на 65-тиот километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27204 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.