Со прераната смрт на Диого Жота, фудбалскиот свет изгуби голем талент, но неговата сопруга Рут Кардосо ја изгуби љубовта на својот живот и таткото на нивните три мали деца.
Милиони се трогнати од нивната љубовна сторија, бидејќи беа заедно од тинејџерските денови, а ја крунисаа нивната љубов со брак само 11 дена пред ужасната трагедија.


Диого и Рут се запознале во средно училиште во Порто и оттогаш биле неразделни. Следејќи го секој негов чекор, Рут му била огромна поддршка и најверен навивач на трибините.


Нивните Instagram фотографии се доказ за взаемната посветеност и еволуцијата на нивната љубов. Од млад пар со големи надежи, тие прераснаа во родители на три дечиња, а нивната стабилна врска му помогна на Диого да расте во кариерата.
Многуте нивни патувања и скапоцени моменти како бремености, родендени и празници се внимателно документирани на Instagram, а нивните фанови сега ги преплавуваат со коментари полни сочувство и емотивни охрабрувачки зборови.
Двојката има три дечиња – синовите Денис и Дуарте и едногодишна ќеркичка.







Парот се вери во ноември минатата година, а се венча во родниот Порто на 22 јуни. Неколку дена пред трагедијата, сподели фотографии и видео од веселбата.
„Ден кој никогаш нема да го заборавиме“ и „Да, засекогаш“ – напиша Рут на свадбените објави.

Португалскиот репрезентативец загина во тешка сообраќајна незгода заедно со неговиот брат Андре откако им пукна гума додека претекнувале друго возило. Браќата излетале од патот по што експлодирал нивниот автомобил.
Фановите, пријателите и целиот фудбалски свет сега ѝ изразуваат сочувство на Рут, затоа што нивната приказна не беше само за фудбал и слава, туку за вистинска, ретка и длабока љубов која дури ни смртта не може да ја избрише.