Семејството на Мирослав Кацаров за неколку месеци ќе порасне за уште еден мал член.
Водителот на емисијата „Г карпет“ со сопругата Ивана организираа голема забава за откривањето на полот на бебенцето кое е на пат.
Среќните родители пред своите пријатели и роднини открија дека очекуваат синче, а на радоста ѝ немаше крај.
„Од сега, па на даље, ќе живееме за нашите две деца. Миа и Тадеј. Фала ти господе за даровите што ни ги даде“ – напиша Миро и објави фотографии на Instagram.
Покрај нив беше ќеркичката на Ивана, Миа, која ја има од првиот брак.







Миро и Ивана стапија во брак во септември 2023 година. Минатиот месец, парот сподели фотографии од одморот во Грција.




