Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Порно ѕвездата за инцидентот со Чарли Шин: „Беше како хорор“

Порно ѕвездата за инцидентот со Чарли Шин: „Беше како хорор“

Капри Андерсон, порно ѕвездата којашто беше пронајдена заклучена во собата на Чарли Шин за време на инцидентот минатиот месец, за прв пат откри детали од вечерта и изјави дека ќе го тужи Шин.

22-годишната Капри, чие вистинско име е Кристина Волш, учествуваше во емисијата „Good Morning America“ и ја опиша вечерта со зборовите: „беше како да си во хорор филм“.

Капри Андерсон на интервјуКапри Андерсон на интервју

Андерсон објаснила дека била ангажирана да го придружува Чарли Шин на вечера, но подоцна работите тргнале наопаку.

Чарли Шин и Капри Андерсон сликани на вечера заедноЧарли Шин и Капри Андерсон сликани на вечера заедно Чарли ШинЧарли Шин на вечерата со Капри, со шише вино од 5900 долари в рака

„Од почетокот на вечерта тој беше многу гласен и не се колебаше да користи навредливи зборови. Во втората половина на вечерта стана уште полошо. Тој започна да извикува расистички навреди“ – изјавила Андерсон и дополнила дека во еден момент Чарли ги ставил рацете околу нејзиниот врат.

Порно ѕвездата во интервјуто открила и дека ѝ понудиле пари само за да молчи.

„Нема да се повлечам и да дозволам да газат по мене. Целиот мој живот се промени“ – признала Капри и потврдила дека ќе поднесе тужба против холивудската ѕвезда.

Адвокатот на Чарли пак изјавил: „Жестоко ќе се браниме од оваа тужба и никогаш нема да ѝ платиме ниту цент. Овие обвиненија против г-дин Шин се целосно лажни и се обид за извлекување пари од славна личност“.

Инцидентот се случи минатиот месец во хотелот Плаза во Њујорк. Чарли Шин, кој бил под дејство на дрога и алкохол, се вратил во својата соба заедно со Капри. Забележал дека му го нема часовникот и започнал да ја обвинува својата придружничка за кражба.

Во моментите додека Чарли беснеел и кршел низ собата, Капри се заклучила во бањата. Кога обезбедувањето пристигнало во собата, го пронашле Чарли гол и онесвестен на креветот.

Истовремено, во друга соба од истиот хотел престојувала бившата сопруга на Чарли, Дениз Ричардс, заедно со нивните деца. Подоцна стана јасно дека и таа присуствувала на вечерата заедно со Капри, но заминала порано.

Дениз Ричардс и Капри АндерсонДениз Ричардс и Капри Андерсон ноќта пред инцидентот

Претставник на 45-годишниот актер уште тогаш изјави дека Чарли бил однесен во болница поради алергиска реакција на лекови и дека сè друго е шпекулација.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11458 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.