Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Какви брачни проблеми? Новак и Јелена Ѓоковиќ заљубени и насмеани на прошетка во Милано

Какви брачни проблеми? Новак и Јелена Ѓоковиќ заљубени и насмеани на прошетка во Милано

Со недели наназад во медиумите се шпекулира дека Новак и Јелена Ѓоковиќ се пред развод, но најновите фотографии од најпознатиот српски пар го покажуваат сосема спротивното.

Ноле и Јелена насмеани и среќни се шетаа во Милано, а папараците успеаја да ја „уловат“ нивната прошетка. На една од фотографиите, 29-годишниот тенисер нежно ја бакнува својата 30-годишна избраничка. Парот беше облечен во кежуал облека додека чекореше во познатиот италијански град.

Новак и Јелена Ѓоковиќ Новак и Јелена Ѓоковиќ

Пред неколку дена, Новак и Јелена организираа хуманитарна гала вечера во Милано за собирање средства за Фондацијата Новак Ѓоковиќ, која им обезбедува подобро образование и живот на сиромашни деца од Србија. Јелена блескаше во краток фустан од Армани.

Новак и Јелена Новак и Јелена

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11036 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.