Почетна » Новости » Шоу-бизнис » AskMen: Топ 10 најпосакувани жени за 2012

AskMen: Топ 10 најпосакувани жени за 2012

Мажите го направија својот избор. Софија Вергара е прогласена за најпосакувана жена на светот за 2012 година. Еден милион посетители на најпознатиот машки сајт AskMen го дадоа својот глас и ја оформија овогодишната листа „99 најпосакувани жени“.

39-годишната колумбиска актерка позната по улогата во серијата „Modern Family“ минатата година беше трета на листата, но оваа година мажите ѝ го доделија почесното прво место. Софија ѝ ја одзеде титулата „Најпосакувана жена“ на Блејк Лајвли, која минатата година беше на чело на листата, но оваа година заврши на 32-то место.

Моделот Кејт Аптон го доби второто место. Мажите очигледно паднаа на шарот на русокосата убавица која често позира во костими за капење.

Големо изненадување е Руни Мара, која го доби третото место. Младата актерка се лансира меѓу најпознатите холивудски ѕвезди со учеството во филмот „The Girl with the Dragon Tattoo“. 26-годишната хуманитарка е номинирана за Оскар во категоријата Најдобра актерка.

Четвртото место ѝ припадна на Миранда Кер, а Ники Минаж се искачи на петтото место.

Интересно е што оваа година ниту Анџелина Џоли, ниту Џенифер Анистон не успеаја да добијат место меѓу 99-те најпосакувани. Џоли 10 години по ред се појавуваше на листата, но веројатно вкусовите на мажите се менуваат и нивните погледи се насочени кон новите лица во светот на шоу-бизнисот.

Топ 10 најпосакувани жени

Софија ВергараКејт АптонРуни МараМиранда КерНики МинажЕма СтоунСкарлет ЈохансонКим КардашијанРијанаКендис Сванапул

Софија Вергара

Кејт Аптон

Руни Мара

Миранда Кер

Ники Минаж

Ема Стоун

Скарлет Јохансон

Ким Кардашијан

Ријана

Кендис Сванапул

Во списокот на најпосакуваните жени влегоа и: Кетрин, војвотката од Кембриџ (11. место), Мила Кунис (13. место), Селена Гомез (14. место), Кети Пери (16. место), Лејди Гага (18. место), Џесика Алба (24. место), Бијонсе (39. место), Никол Шерцингер (46. место), Пенелопе Круз (49. место), Жизел Бундхен (53. место), Тејлор Свифт (60. место), Ирина Шајк (67. место), Адријана Лима (71. место), Деми Мур (80. место), Алесандра Амбросио (91. место), Адел (92. место), Џенифер Лопез (93. место), Меган Фокс (96. место) и Пипа Мидлтон (98. место).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.