Почетна » Новости » Шоу-бизнис » AskMen: Најпосакуваните жени за 2013

AskMen: Најпосакуваните жени за 2013

Мажите одлучија. Џенифер Лоренс е најпосакуваната жена. 22-годишната ѕвезда од филмот „The Hunger Games“ изби на првото место на анкетата на познатиот машки сајт AskMen. Лоренс скокна од минатогодишното 47. место и ја грабна титулата од ланската победничка Софија Вергара, која оваа година е на 12. место.

Џенифер ЛоренсЏенифер Лоренс

„Таа е свежа бидејќи ја немаме видено на страниците за озборувања во изминативе три или четири години“ – изјавил главниот уредник на AskMen и дополнил дека јавноста сè уште знае многу малку за Џенифер за да може да си оформи негативно мислење.

На второто место е Мила Кунис, третото место ѝ припадна на Кејт Аптон, додека веднаш зад неа е Ријана.

Најголем „пад“ на листата има Ким Кардашијан. Телевизиската ѕвезда минатата година беше на високото 8. место, но оваа година падна 90 места и го зазеде претпоследното место.

Топ 20 најпосакувани жени

Џенифер ЛоренсМила КунисКејт АптонРијанаЕма СтоунМиранда КерКристен СтјуартЏесика ГомезСЏесика ПареМишел ЏенекиКендис СванапулСофија ВергараБлејк ЛајвлиКристина ХендриксЕмилија КларкШерил КолЗои ДешанелОливија МунНаоми ХарисКлер Дејнс

Џенифер Лоренс

Мила Кунис

Кејт Аптон

Ријана

Ема Стоун

Миранда Кер

Кристен Стјуарт

Џесика Гомез

Џесика Паре

Мишел Џенеки

Кендис Сванапул

Софија Вергара

Блејк Лајвли

Кристина Хендрикс

Емилија Кларк

Шерил Кол

Зои Дешанел

Оливија Мун

Наоми Харис

Клер Дејнс

Уредниците на AskMen ја составиле листата „Топ 99“ врз основа на гласовите од 2,4 милиони посетители.

Меѓу останатите најпосакувани се Кети Пери (21. место), Џесика Бил (24. место), Војвотката Кетрин (25. место), Адријана Лима (27. место), Ема Вотсон (29. место), Бијонсе (32. место), Мишел Обама (33. место), Скарлет Јохансон (45. место), Ен Хетавеј (47. место), Натали Портман (48. место), Селена Гомез (56. место), Бар Рафаели (62. место), Лана Дел Реј (71. место), Кејти Холмс (93. место) и Кејт Мос (95. место).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.