Почетна » Новости » Шоу-бизнис » AskMen: Топ 10 најпосакувани жени за 2014

AskMen: Топ 10 најпосакувани жени за 2014

Мажите ја избраа најпосакуваната жена за 2014 година. Посетителите на познатиот машки сајт AskMen ја составија листата „99 најпосакувани жени“, а на самиот врв се наоѓа Емилија Кларк.

Емилија Кларк

Привлечната ѕвезда од хит-серијата „Game of Thrones“ ѝ ја одзеде титулата „Најпосакувана жена“ на Џенифер Лоренс, која оваа година остана на четвртото место.

Емилија КларкЕмилија Кларк во „Game of Thrones“

26-годишната Кларк, позната по улогата на русокосата Денерис Таргариен, ја шармира машката публика, а уредниците на AskMen се убедени дека ова е нејзина година.

На второто место застана Алисон Бри, која прво привлече внимание во серијата „Mad Men“, а сега го зголемува бројот на свои фанови со серијата „Community“.

Третото место ѝ припадна на разголената девојка од спотот за летниот хит „Blurred Lines“, Емили Ратајковски, а петтото место остана за „волшебничката“ Ема Вотсон.

Емилија КларкАлисон БриЕмили РатајковскиЏенифер ЛоренсЕма ВотсонКејт АптонКери ВашингтонЕјми АдамсМарго РобиКејт Мос

Емилија Кларк

Алисон Бри

Емили Ратајковски

Џенифер Лоренс

Ема Вотсон

Кејт Аптон

Кери Вашингтон

Ејми Адамс

Марго Роби

Кејт Мос

Во списокот на најпосакуваните жени влегоа и: Бијонсе (11. место), Оливија Вајлд (14. место), Скарлет Јохансон (16. место), Ријана (19. место), Кејт Бланшет (21. Место), Мила Кунис (26. место), Војвотката Кетрин (35. место), Софија Вергара (40. место), Миранда Кер (46. место), Кендис Сванапул (53. место), Сандра Булок (57. место), Џоан Смолс (76. место), Дауцен Крус (79. место), Ким Кардашијан (87. место), Кети Пери (90. место) и Мајли Сајрус (99. место).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.